По двемесечни истражувања користејќи најсовремена техника за неинвазивна обработка на слики, како и добрата старомодна техника на ползење низ тесни простори на раце и колена, археолозите кои спроведуваат истражувања на местото Чичен Ица го најавија откривањето на премин под 1000-годишниот храм.

Истражувачите од „Големиот проект за Маите“ предводен од Гилермо де Анда, користеа импресивна низа технологии за испитување на областа, вклучувајќи и LIDAR, за откривање на површинските карактеристики, радар за пробивање површини околу урнатините и релативно нова технологија наречена тридимензионална електрично отпорна томографија или позната како ERT-3D. Со оваа геодетска техника тие ги мапираат подземните предели околу храмот и се надеваат дека ќе создадат 3D мапа на „подземниот свет“ за кој се сомневаат дека постои.

Новооткриениот тунел тече низ претходно мапирана погребна комора наречена „Костурница“. Иако во моментов е блокиран, тунелот изгледа како да може да даде пристап до сенот под храмот Кукулкан.

„Преку костурницата ние влеговме во пештерата под структура и најдовме блокиран преминот, веројатно затворен од страна на самите антички Маи. Ние ќе се обидеме да влеземе повторно, за да видиме дали преминот ќе не однесе до сенот под храмот.“, изјавил Гилермо.

Ова е возбудлива вест за истражувачите затоа што сенот во близина на овој премин досега бил прикажан само од уредите за сликање.Да се најде пат за да се добие пристап за физичко истражување, би бил огромен чекор и би можел да открие нераскажаните тајни на храмот. Може дури и да обезбеди пристап до подземниот лавиринт на локалната легенда кој се бара како една од целите на проектот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено