На 5 ноември 2018 година, Војаџер 2 на НАСА се придружи на своето сестринско летало Војаџер 1 надвор од хелиосферата, „заштитниот меур на честички и магнетни полиња создадени од нашето Сонце“. Оттогаш пет нови истражувачки трудови се објавени во списанието „Nature Astronomy“ во кои се документира што се случило откако леталото ја преминало границата и беснеело против умирањето на светлината.

Според лабораторијата за погонски авиони на НАСА, откритијата на Војаџер 2 ќе помогнат – да се наслика слика на овој космички брег, каде што околината создадена од нашето Сонце завршува а огромниот океан на меѓуѕвездениот простор започнува.

„Ова е извонреден момент во нашето истражување на вселената: ние за прв пат ги оставивме границите на „дома“ и ги преземаме нашите први привремени чекори во меѓуѕвездениот простор – галаксијата на Млечниот Пат, од која и ние сме дел. Ова е на неверојатна оддалеченост од само 62 години од започнувањето на првиот сателит. Кој знае што ќе донесат следните 62?“, вели астрофизичарот на НАСА, Џефри Хејз.

Секој од истражувачките трудови се врти околу наодите на вселенското летало, составено од неговите пет оперативни инструменти: сензор за магнетно поле, два инструменти за откривање на енергетски честички во различни енергетски опсези и два инструменти за проучување на плазма (гас составен од наполнети честички).

Но, што е тоа хелиосфера? Хејс понуди објаснување, ја опиша како „некаква порозна граница“. Тој додава: „Внатре е просторот во кој живееме, каде што е многу проширено влијанието на Сонцето и сончевиот ветер што го создава, а надвор е регион кој не е под истото влијание. И двете Војаџер летала откриле дека ова е случај. Оригиналниот модел беше дека сончевиот ветер само постепено ќе згаснува сè додека не се најде во меѓуѕвездениот медиум; јасно е дека ова не е случај. Хелиопаузата делува како некоја порозна граница која им овозможува само на некои честички да ја пробиваат. Бидејќи само неодамна поминавме низ неа – во 2012 година со Војаџер 1 и сега со Војаџер 2, сè уште има многу аспекти од тоа што не ги разбираме.“

Додека Војаџер 2 сè уште не треба да влезе во непречен меѓуѕвезден простор, сондите нудат важна илустрација за тоа како „Сонцето комуницира со нештата што го исполнуваат најголемиот дел од просторот помеѓу sвездите во галаксијата Млечен пат.

Разговарајќи за можностите за понатамошно истражување, Хејс додаде: „Во однос на истражување на вселената, тоа значи дека ние едвај ја изгребавме површината на тоа што значи да се биде во меѓуѕвездениот простор. Целокупно кажано, ние влеговме во нова ера на истражување што поставува толку нови прашања колку што и одговори на нашите постари.“

Сподели на Facebook
пати видено