Суџон Мија (31) и Абдала Илми (49) ризикувале да ги стават во опасност останатите учесници во сообраќајот, кога се обиделе да мамат на теоретските тетсови во центарот во Свиндон, Вилтшир.

Двајцата татковци се поштедени од затвор откако се обиделе да пронајдат соучесници за да ги полагаат тестовите за теорија за возење наместо нив, откако еден од нив не го поминал тестот 27 пати.

И двајцата биле фатени од персоналот во центарот пред да бидат изнесени пред суд каде што ја признале вината. Таткото на две деца Мија, од Глустер, беше осуден во Кралскиот суд Свиндон на десет месеци затвор, одложени за две години. Таткото на десет деа Илми, од Бирмингем, беше осуден во Судот Магистрат на Свиндон на пет месеци, одложени за две години.

Измамниците патуваат во центри низ Велика Британија за да го полагаат теоретскиот тест во име на другите. Мија паднал на својот тест 27 пати, почнувајќи од 2008 година. На Мија му пристапил човек со кој се слушнале само по телефон и му кажал дека може да го положи тестот доколку му даде 1.000 евра. Мија прифатил и непонатиот човек отишол да го полага тестот. Персоналот се посомневал кога приметил дека човекот не личи на фотографиите од документите. Тие му пристапиле и побарале други документи или пак семејни фотографии за доказ.

Човекот кажал дека има повеќе докази во автомобилот на неговиот братучед кој го чекал надвор, излегол и никогаш не се вратил. Додека Илми кој прв пат требал да го полага тестот, а не бил сигурен, замолил Сомалиец да го направи тоа за него, но исто така и овој човек бил препознаен од вработените.

Сподели на Facebook
пати видено