Адам Фентон бил татко на две девојчиња. 32-годишниот маж претходно се борел со агресивна форма на рак. Тој пред два месеци излегол од затвор, а неколку дена пред да почине добил вести дека е целосно излекуван од ракот. Адам решил пожестоко да го прослави неговото оздравување и заминал со пријателите во бар каде што консумирал големи количини на алкохол и кокаин. Адам потоа излегол од барот и наредниот ден бил пронајден мртов во подножјето на карпите, од страна на маж кој го шетал своето куче во утринските часови.

Од надзорните камери можело да се види како Адам оди по пешачка патека во три часот наутро, најверојатно за да се отрезни од алкохолот, затоа што неговата вереница не му дозволувала да спие дома кога е пијан. Адам исто така се борел со алкохолизмот и понекогаш станувал аресивен или премногу емотивен. Тој имал две ќерки со неговата вереница Карли Блекман, со која е во врска 8 години, а исто така се грижел и за поќерката.

Адам отишол во барот да слави веднаш штом завршил со работата. Исто така на надзорните камери се гледа како маж ја скока оградата на карпата. Властите се сигурни дека станува збор за Адам. Затоа тие дошле до заклучок дека можеби се работи за самоубиство. Но, роднините, а сособено неговата мајка се убедени дека Адам не би се самоубил, затоа што откако дознал дека е здрав бил пресреќен. Нивната претпоставка е дека во несвесна, алкохолизирана состојба не можел да види дека се работи за висока карпа и паднал од истата.

Неговата мајка изјавила: „Тој ги имаше своите деца, го имаше своето семејство и беше повторно здрав и имаше за што да живее. Тој беше многу среќен. Ова воопшто нема смисла. Најтешко беше да им кажеме на малите девојчиња. Тие одеа во болница за да му помогнат на тато да се бори со ракот, а сега ова се случи.“

Сподели на Facebook
пати видено