Бананите ги содржат трите природни шеќери – сукроза, фруктоза и глукоза комбинирани со растителни влакна. Бананата дава брзо и трајно зголемување на енергијата. Истражувањата докажале дека само две банани се доволни да ве снабдат со енергија за напорно 90-минутно вежбање. Не е за чудење што бананата е овошјето број еден за врвните светски атлетичари.
Но, снабдувањето со енергија не е единствениот начин на кој бананата ни помага да се одржиме во форма. Таа исто така може да помогне да надминеме и спречиме значителен број на болести и нарушувања, што ја прави неизоставен дел од секојдневната исхрана.
Депресија
Според неодамнешна анкета спроведена помеѓу луѓето кои страдаат од депресија, многумина од нив се чувствуваат многу подобро откако ќе изедат банана. Ова се должи на тоа што бананата содржи триптофан, вид на протеин кој во телото се претвора во серотонин, познат по тоа што прави да се опуштите и го подобрува расположението.
Предменструален синдром
Заборавете на апчињата – изедете банана. Витаминот В6 кој таа го содржи го регулира нивото на глукоза во крвта, што влијае врз вашето расположение.
Слабокрвност
Богати со железо, бананите можат да го поттикнат производството на хемоглобин во крвта, па така помага и во случаите со анемија.
Крвен притисок
Ова уникатно тропско овошје е крајно богато со калиум, а сепак не содржи многу сол што го прави совршено за регулирање на крвниот притисок.
Умствена моќ
200 студенти во училиштето Твикенхам во Англија добивале банани за појадок, ужина и ручек пред нивните испити оваа година. Истражувањата покажале дека овошјето богато со калиум може да го подобри вниманието.
Запек
Поради тоа што се богати со растителни влакна, вклучувањето на бананите во исхраната може да ја поврати нормалната работа на цревата, помагајќи да се надмине овој проблем без употреба на лаксативи.
Мамурлак
Еден од најбрзите начини да се повратите по бурната ноќ е да си направите милкшејк со банана засладен со мед. Бананата го смирува стомакот и заедно со медот го враќа нивото нљ шеќер во крвта, додека млекото го смирува и рехидрира вашиот систем.
Горушица
Бананата има природен антикиселински ефект врз телото, па така ако страдате од киселини, изедете една банана за да го смирите вашето тело.
Утринска мачнина
Каснувањето банана помеѓу главните оброци помага во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и ги спречува утринските мачнини.
Канувања од комарец
Пред да посегнете по кремот, обидете се каснатината да ја истриете со внатрешниот дел од кора од банана. Многу луѓе се изненадиле во успешноста на овој метод за намалување на отоците и иритацијата.
Нерви
Бананите се богати сео В витамини кои помагаат за смирување на нервниот систем.
Чир
Бананата се употребува како диета против цревните нарушувања поради нејзината мека текстура и мазност. Тоа е единствениот плод кој може да се јаде во сирова состојба без да го преоптоварува системот за варење кај хронично болните. Исто така ја неутрализира и прекумерната киселост и ја намалува иритацијата со обложување на внатрешните ѕидови на стомакот.
Контрола на температурата
Многу култури во светот бананата ја сметаат за освежувачко овошје кое може да ја намали телесната температура и емоционалната напнатост кај бремените жени. Во тајланд, на пример, бремените жени јадат банани за да се осигураат дека бебињата ќе се родат со нормална температура.
Така, бананата е природен лек за многу болести. Во споредба со јаболкото, таа содржи четири пати повеќе протеин, два пати повеќе јаглехидрати, три пати повеќе фосфор, пет пати повеќе витамин А и железо, и два пати повеќе други витамини и минерали. Вистински дар од природата.