Кога малата Реј мјаукајќи ѝ пристапила на својата идна сопственичка, тоа било тоа. Нејзината идна сопственичка веднаш почувствувала дека е пишано ова маче да се придружи на нејзиното семејство. Веројатно и Реј го почувствувала истото, бидејќи откако си го нашла својот дом, таа не престанува да се насмевнува.

„Не барав маче по секоја цена, веќе си имавме две дома, но едноставно навратив во засолништето на патот кон дома од работа и ја најдов оваа мала дама и веднаш бев обземена од неа“, вели новата горда сопственичка.

„И така, си ја донесов дома и оттогаш сѐ е совршено. Таа толку многу сака да се гали и игра, и нејзиното поголемо братче и сестриче едноствано ја опсипуваат со внимание, обидувајќи се да ја негуваат и да си играат со неа.“

mc01 mc02 mc03 mc04

Сподели на Facebook
пати видено