За да биде сигурна дека основците и средношколците од нејзината заедница ги имаат потребните средства за новата учебна година, една осмоодделенка од Хаваи започнала хуманитарна акција за да им помогне. Наречена Back to School Hawaii, иницијативата ја започнала 13-годишната Каија Аријас де Кордоба, ученичка во основното училиште SEEQS Charter, во Хонолулу.

Каија гледала колку се мачат децата околу неа и решила да организира еднодневен настан, оваа лето, на кој што им била обезбедувана облека и училишен материјал на сиромашните деца на островот Оаху, кои, според извештајот од пописот, имаат висока концентрација на најбогатите и најсиромашните семејства во државата.

„Можеби тоа ќе им помогне со нивната самодоверба и ќе се вратат на училиште, бидејќи враќањето во училиште за нив е многу стресно.“, вели Каија. Најголемиот поддржувач на Каија е нејзината мајка, Хедер, која помогнала во организирањето на хуманитарната акција.

„Она што го прави Каи е вистинска инспирација за многу други деца. Мислам дека на нивната возраст, многу од нив бараат нешто да направат за нивната заедница, но не им е јасно каде да одат или за што се способни.“, вели Хедер.

За време на акцијата биле собрани 700 килограми облека и многу училишен материјал, како што се пенкала, тетратки, и маркери. Тие исто така направиле и GoFundMe страница, на која собрале 1.800 долари. Хуманитарната акција се одржала на 25 август каде што семејствата и учениците може да земат по 5 парчиња облека, откако ќе покажат валидна училишна легитимација. Покрај тоа на првите 60 ученици им бил даден ранец полн со училишни материјали, кои биле овозможени преку донациите на заедницата.

Сподели на Facebook
пати видено