Кристина Мајлс сакала за нејзината свадба да изгледа и да се чувствува поубаво и посекси од било кога, па така ослабела цели педесет и седум килограми, достигнувајќи тежина од 60 килограми точно за денот на нејзината свадба. Сега вели дека слабеењето ѝ го уништило сексуалниот живот.

Дваесет и тригодишната Кристина од Ипсвич, Англија својот број го намалила од 24 до 14. Но, се ужаснала кога видела дека по губењето на сите тие килограми, телото ѝ станало како на баба поради виснатата кожа.

Кристина е толку несреќна со нејзиниот нов изглед што, покрај тоа што воопшто не се чувствува посекси, одбива да му дозволи на нејзиниот сопруг Ешли да ја види гола.

На Кристина ѝ било одбиено барањето оперативно да ѝ се отстрани вишокот кожа, така што единствената можност пак да изгледа добро е да ја поврати изгубената тежина.

km-1

km-2

Кристина, која е мајка на три деца, вели:

Не можам да останам ваква. Изгледа како да сте затворени во затвор од кожа. Само сакав да изгледам убаво на денот на мојата свадба, но мојата диета уништи сѐ. Се чувствував како да кријам голема тајна под мојата венчаница. Сите ми велеа дека изгледам прекрасно, но не беа свесни за ужасот кој се крие под невестинскиот фустан.

Би требало да се чувствувам многу среќно затоа што успеав да ослабам толку многу, но се чувствувам одвратно бидејќи под облеката кријам тело на пензионер. Се чувствував посреќно и посекси кога бев подебела. Проблемот не можам да го решам на приватна клиника бидејќи немаме толку пари за пластична операција која би чинела околу 10.000 фунти.

Ова значи дека сите тие диети и губењето на килограми биле залудни, бидејќи како можам да продолжам да живеам изгледајќи вака? Се чувствувам болна од срам и вознемиреност.

km-3

km-4

km-5

km-6

km-7

Сподели на Facebook
пати видено