Алан Наиман бил познат по неприкосновената економичност, која понекогаш станувала и комична, но дури и оние кои биле најблиску до него не биле свесни за богатството што тој тивко го собрал и последниот чин што долго време го планирал.

Државниот социјален работник во Вашингтон почина од рак оваа година на возраст од 63 години, оставајќи го најголемиот дел од својот имот во вредност од изненадувачки 11 милиони долари на детски добротворни организации, кои им помагаат на сиромашните, болните, хендикепираните и напуштените.

Износот ги збунил корисниците и неговите најдобри пријатели. Алан бил човек кој ги поправал своите чевли со селотејп, барал евтини зделки во продавница за храна и ги носел ријателите на ручек во ресторани за брза храна. Хуманиот човек никогаш немал сопруга ниту пак деца и работел на неколку места за да заштеди пари. Тј бил многу таинствен и неговите блиски не знаеле секогаш што се случува во неговиот живот.

Пријателите сметаат дека желбата да им помогне на загрозените деца произлегла од неговиот брат, кој имал пречки во развојот и починал во 2013 година. Единствено таа година Алан ги изненадил сите кога си купил нов автомобил.

Поранешниот банкар, работел во изминатите две децении во Стејт департментот за социјални и здравствени услуги. Тој заработил 67.234 долари, а исто така работел и на други места, понекогаш дури одел на 3 работни места. Тој инвестирал дел од парите, а дел од нив му биле наследство од родителите.

Голем дел од организациите кои добиле парични средства од Алан изјавиле дека никогаш не го запознале, но дека се имаат сретнато во некои прилики.

Сподели на Facebook
пати видено