„Леле, ова е баш голема птица!“ Ова е начинот на кој повеќето луѓе реагираат кога за прв пат гледаат Харпи-орел, без разлика дали тоа е во живо или на фотографија.

Масивната птица е, добро, апсолутно масивна. Жестока. Горда. Величествена. Со цврст сјај во очите што практично вели: „Подобро да не се плеткаш со мене, мали, јадам луѓе како тебе за појадок“

Харпи орелот на некои луѓе им изгледа како човек во маскиран во костим, кој се шегува со сите нас, на други им изгледа како покемон, а на трети на нешто што било чувано во кафез во областа 51, но случајно избегало и сега ни нема спас. Оваа птица сепак живее во дождовните шуми.

Овој орел е птица грабливка. Постојат два вида харпи-орли: американски и папуански. Харпи орлите се најголемите и најмоќните птици грабливски кои можат да се најдат во дождовните шуми. Уште повеќе, тие се меѓу најголемите видови орли на планетата Земја. Нивниот распон на крилјата може да достигне до 224 сантиметри, но тие тежат само 3,8-9 килограми.

Тие живеат најчесто на горниот дел од крошните на дрвјата во тропски низински шуми. За жал, поради уништувањето на неговото живеалиште, тој е скоро истребен во Централна Америка. Има помалку од 50.000 од нив низ целиот свет. Во Бразил, харпи-орелот е познат и по друго име: кралскиот јастреб.

Сподели на Facebook
пати видено