Оралниот секс драматично го зголемува ризикот за развој на канцерогени болести во пределот на главата и вратот, се тврди во нов научен труд. Традиционално се смета дека болеста вообичаено ги погодува пушачите и луѓето кои конзумираат многу алкохол, кога се во поодмината возраст. Но, во текот на последните години, како што се зголемуваше бројот на ваквите случаи, болеста се поврзува со човечкиот папиломавирус. Се верува дека оралниот секс е основниот начин преку кој папилома вирусот завршува во устата. Оваа група на вируси ги погодува кожата и слузокожата, вклучувајќи ги анусот, грлото на матката, устата и грлото.
Човечкиот папилома вирус е добро позната причина за појава на орофарингеални тумори – тие коишто го напаѓаат средниот дел на грлото, вклучувајќи ги и мекотто непце, коренот а јазикот и крајниците. Иако ХПВ не го предизвикува ракот директно, тој предизвикува промени во клетките коишто ги инфицирал, а потоа овие клетки можат да станат канцерогени.
Мажите се двојно повеќе подлпжни на заболување од орофарингеален рак во споредба со жените, бидејќи според истражувачите, кунилингусот е поризичен од фелациото. Овој вид на рак е на единаесеттото место во поглед на тоа колку често се јавува во светот, според податоците на Светстага здравствена организација. Речиси на половина милион пациенти годишно им се дијагностицира рак во поодмината фаза кога тој веќе се проширил на лимфнитие јазли или уште понатаму, известува светкиот форум за рак. Приближно 150.000 пациенти умираат секоја година, и уште повеќе страдаат од компликации при третманот. Додека на девојчињата на дванаесет-тринаесет години веќе почнува да им се нуди вакцина за да им се помогне да се заштитат од папилома вирусот кој предизвукува рак на грлото на матката, не постои програма за имунизација за момчињата. Во 2017 година веќе се очекува и официјална препорака за имунизација на адолесцентните момчиња.
Новата студија, објавена во списанието ЈАМА Онкологија, е првиот научен труд кој директно посочува кон присуството на папилома во устата како чинител кој во голема мера придонесува за појавата на орофарингеал рак. Со оглед на тоа што ХПВ вирусот не се пренесува само преку секс, туку при допир на кожата, тој може да погоди речиси секого во даден момент од животот. Кај повеќето луѓе имунитетскиот систем се преборува со вирусот и тој не може да нанесе штета. Но во ретки прилики, вирусот преовладува и предизвикува верига на реакции кои на крајот можат да доведат до рак на грлото на матката, пенисот, анусот, вагината или устата. Околу петнаесет видови на вирусот можат да предизвикаат рак на грлото на матката, при што ХПВ-16 е најчестиот.
Уште полошо, ако најопасните папилома вируси, ХПВ16 и ХПВ18 се искомбинираат со чинители како алкохолот и тутунот, имате сигурен рецепт зз појава на рак. Здравствените организации и лица советуваат редовни прегледи, и редовна посета на вашиот заболекар, за во случај на појава на подмолната болест, таа да може да се открие во рана фаза и да може навремено да се реагира.




