Доколку не гледате ништо необично на прв поглед, прочитајте го објаснувањето над сликата.

Движете ја главата лево – десно.

Оваа божиќна декорација личи како 2 тираносауруси да се тепаат за циркулар.

Протресете ја главата или уредот на кој гледате лево – десно.

Што гледате прво: сенки на луѓе или едноставни столбови? Всушност, ова е слика на ѕид.

На почетокот помислив дека ова е мини телефон и џиновски карти за играње.

Ова е подот од ходникот на обична канцеларија.

Превртете ја сликата наопаку. Тоа е кревет. А што мислевте вие дека е?

Кога го покрив подот со тепих, заборавив на скалите.

Мекдоналдс ја објави оваа слика со скриена порака. Обидете се да си го заматите видот со стегање на очите, за да ја прочитате.

Купив тепих и добив портал во друг Универзум.

Дали гледате црни точки помеѓу копчињата?

Всушност, овие сини линии се паралелни една со друга.

Боја што никогаш не сте ја виделе
Погледнете ја сликата (по можност во целосна темнина). Фокусирајте го видот на белата точка во средината. Наскоро ќе забележите дека црвениот круг е многу црвен и дека постои прстен околу него. Кога тоа ќе се случи, погледнете ја најтемната точка во вашата околина.

Ова не се анимирани гифчиња туку статични слики

Бидејќи правиме оптички илузии, двете срца се обоени со иста нијанса на црвено

Љубителите на книгите ќе ја сакаат оваа библиотека во Кина. Една од нејзините простории е специјално дизајнирана да прави оптичка илузија на бесконечен тунел со книги. Подовите се црни огледала, а закривените полици достигнуваат до таванот, создавајќи илузија дека овој „тунел“ со книги се протега до бесконечност.

Оваа соба е позната како „Собата на Ајмс“, именувана по американскиот офтамолог Аделберт Ајмс Џуниор, кој ја создал првата таква соба во 1946 година. Кога се гледа од одредена гледна точка, собата изгледа како коцка, иако е всушност е во форма на трапез, што значи дека нејзините ѕидови не се паралелни и подот е закосен. Левиот агол на просторијата е помал од десниот агол, поради што некој што стои во еден агол изгледа поголем од некој кој стои во друг агол. Исто така додека човек се движи низ собата личи како да се смалува.

Туристите кои се фотографираат на оваа карпа во Бразил личи како да ги ризикуваат своите животи, но во реалноста, тие стојат само на висина околу три метри над земјата.

Но, ако фотографирате од вистинскиот агол, да се фати океанот, тогаш личи како да стоите на екстремно висока и опасна карпа.

За крај ви ја оставивме најчудната илузија. Постои шума во Калифорнија која се вика „Redwood Forest“. Таа се опишува како „гравитациона аномалија“ и ги става на тест основните закони на физиката и здравиот разум. Шумата ја посетуваат огромен број на туристи а објаснувањето е следното.

Во еден дел од шумата дрвјата започнале да растат накосо, создавајќи илузија дека просторот е накосен. Дрвената куќа на местото исто така е изградена закосена. Окото на посетителот погрешно ја користи оваа куќа и околината за да го процени хоризонтот и настанува збрка во главата на туристот.

Сподели на Facebook
пати видено