На Твитер беше објавена интересна оптичка илузија која предизвикала многу корисници на интернет збунето да си ги чешаат главите. Како е можно овие две парчиња дрвени шини од играчка-воз ставени едно крај друго да се со различна големина, а ставени едно врз друго целосно да се совпаѓаат?

Овде не се работи за никаков магионичарски трик. Феноменот е добро позната оптичка илузија за првпат опишана од психологот Џозеф Џестроу, пред повеќе од сто години. Двете закривени парчиња дрво се разбира се со иста големина, но кога ќе се стават едно крај друго, подолгата страна на едното е во контраст со пократката страна на другото, што прави да изгледаат како да се со различна големина.

Сподели на Facebook
пати видено