Сегуин, Тексас, е изненадувачки популарна дестинација за ловци на духови. Градот од 27.000 лица, лоциран на 56 километри надвор од Сан Антонио, бил прикажан на неколку телевизиски емисии за лов на духови, благодарение на хотелот Магнолија.

Морничавата историска куќа, наводно, е дом на најмалку 13 немирни духови, барем според нејзиниот сопственик. Хотелот не работел веќе две децении, но ќе биде повторно отворен на 28 октомври.

Потеклото на хотелот се протега назад кон 1840 година, кога еден од основачите на Сегуин, ренџерот Џејмс Кембел, изградил колиба со две соби на имотот. Кембел бил убиен по кратко време, а колибата завршила во рацете на уште неколку сопственици за на крајот да биде претворена во хотел. До средината на 1800-тите, местото станало најголемата гостилница во градот и тоа ја задржало титулата и во 20 век. Во 1930-тите, бил реновиран во апартмани, но потоа бил напуштен во 1990-тите.

Во текот на тие години, зградата била сведок на многу насилство. Во 1850-тите години, подрумот служел како засолниште за жени и деца за време на нападите врз градот од страна на членовите на племето Команче. По некое време, тоа подрумско засолниште, исто така, служело како прв затвор во градот. Во 1874 година, серискиот убиец Вилијам Фауст престојувал таму за работа кога ја убил неговата сопруга која престојувала во близина. Но, наместо неа ја убил младата ќерка на семејниот пријател. Тој подоцна признал уште неколку убиства.

Актуелната сопственичка на Магнолија, Ерин Геди, вели дека хотелот сега е дом на најмалку 13 духови. Таа исто така вели дека често може да ги почувствува духовите и дека тоа е потврдено од страна на многу луѓе од кои голем дел од нив се истражувачи на паранормалното. Но, Греди уште се обидува да ги дознае точните идентитети на духовите. Од кои за еден смета дека е девојчето убиено од страна на Фауст, затоа што таа и други луѓе виделе девојче како лута по ходниците и се игра со топка. За вториот дух се сомнева дека е проститутка која била задолжена да привлекува клиенти во хотелот во 1880-тите.

Геди, исто така, тврди дека духовите фрлале тешки радијатори и други предмети низ просториите и дека луѓето почувствувале дека нивните очи се изгребани во бањите. На паранормалното телевизиско шоу Strange Town, ловците на духови забележале мистериозна магла што летала низ една од собите во хотелот во текот на ноќта.

Хотелот ќе биде отворен за посетители, но ќе работи од 10:00 до 15:00 часот и нема да може да се преноќи, затоа што Геди сè уште не може да гарантира за безбедноста на гостите во ноќните часови.

Сподели на Facebook
пати видено