Куклата позната како „Куклата на Ема“ исчезна од музејот Ваипу, на околу 120 километри од Окленд.

Менаџерот на музејот Фиона Мохр изјави дека артефактот, кој би можел да вреди над 3.000 долари е сметан за „опседнат и проколнат“ поради неговиот морничав изглед и поглед.

Таа вели дека куклата била чувана во заштитна стаклена купола пред да биде украдена. Еден од волонтерите кој работел во музејот забележал на подот парче од вештачка коса и веднаш му текнало да ја провери куклата. Кога отишол куклата ја немало, а стаклената купола била на подот.

Иако од музејот мислеле дека повеќе нема да ја видат куклата сепак објавиле на социјалните мрежи за случајот, а луѓето во коментарите пишувале дека куклата е опседната и дека наскоро сигурно крадецот ќе ја врати, ако тоа не го направи самата кукла.

По само 2 дена менаџерката на музејот го проверувала поштенското сандаче и таму ја пронашла куклата завиткана во кеса за леб. Она што било морничаво бил фактот дека ѝ недостасувал скалпот. Исто така на куклата и била извршена „операција“ така што со селотејп ѝ била обвиткана раката и ногата.

Г-ѓа Мохр изјави дека куклата му припаѓала на тригодишно девојче по име Ема Мекеј кое со семејството емигрирало прво во Австралија, а потоа во Нов Зеланд за време на „Златната треска“. Таа вели дека последниот потомок кој е поврзан со куклата е вознемирен од штетата. Полицијата ја истражува кражбата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено