Не многумина од нас се филантропски синови на богати бизнисмени во Готам, и како такви ни недостасуваат ресурси да станеме суперхерој кој се бори против криминалот. Сепак, една жена во Монтана ни покажа на сите како не треба да дозволите околностите да ве задржат.

Па што ако не сте Бетмен и немате пристап до најсовремената технологија, едноставно зграпчете што ви е при рака и излезете надвор.

Пети Баумгартнер се бори против криминалот, злосторството на опасно возење, со ништо повеќе од апарат за домаќинство и одредена одлучност на лицето. Вознемирена од фактот што луѓето возат премногу брзо и возат невнимателно по нејзиниот пат, Саут Финли Поинт долж југоисточниот брег на езерото Флетхед, Пети ги зеде работите во свои раце и тргна да ги „успори“ возачите така што им покажува ФЕН.

Знам што размислувате, експлозија на топол воздух од фен за коса може да го одвлече вниманието, но нема да запре автомобил, нели? Па, излегува дека не е топол воздух, туку изгледот на нештата (изгледа како полициски сообраќаен радар) што ќе делува како пречка за опасните возачи.

„Тие забораваат да забават и има многу луѓе што се жалат на тоа, не можат да одат или да возат со своите велосипеди. Јас дури и не би се обидела да возам наоколу.“, вели изреволтираната Пети.

Дури и на полицајците им се допаѓа идејата на Пети, еден од нив, Ноа Песола вели: „Мислев дека е пресмешно. Имаме проблем со пребрзо возење во Монтана и мислев дека е голема креативна идеја јавноста да се обиде и да се бори против тоа малку, без да ги натера луѓето да бидат премногу вознемирени.“

Сподели на Facebook
пати видено