Еден од омилените доктори на Кардашијанови проговори за нов иновативен метод за тие кои сакаат да имаат облини како Ким, без воопшто да мораат да се подложуваат на хируршки нож. Д-р Симон Уриан – на кого му се припишува отстранувањето на тетоважата на половината на Кло Кардашијан заработил големи пофалби од Кајли Џенер поради „супер природното“ зголемување на усни и се вели дека се „големи пријатели“ со Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер, сега открива нова техника која што ја нарекува „бразилски лифтинг на задникот без скалпел“. Во видеото во која ја споделува оваа негова нова метода, тврди дека резултатите се трајни и резултатите се гледаат веднаш.

zd01 zd05

При методата се употребува липосукцирано сало или се употребуваат перманентни или полуперманентни кожни пополнувачи.

„Нема сечење, нема анестезија, нема импланти. Природни резултати. Се употребува сопственото сало на личноста или перманентни и полуперманентни кожни пополнувања. Ова е само уште една алтернатива за тие кои не сакаат имлант во задникот, а сепак сакаат да имаат поубаво обликуван задник.“

zd03 zd07

Техниката која ја применува во својата клиника во Беверли Хилс користи „повеќеслојни инекции со микрокапки за пренесување на сало за долготрајни резултати и инекција на перманентни кожни пополнувања.“ За оперативниот зафат е потребна само локална анестезија и болката е „непостоечка до умерена“.

zd02

Но, многу повеќе би ве заболело во џебот, бидејќи просечната цена на оперативниот зафат се движи од 15 000 до 40 000 во зависност од посакуваната големина и метода.

Се чини дека во САД побарувачката за импланти во задникот расте најбрзо од сите други хируршко-козметички интервенции. Според статистиките, минатата година било интервенирано на еден задник на секои триесет минути дневно. Дали е нормална оваа опседнатост со делови од телото, којашто се форсира во медиумите, е сосема друга работа.

zd06

Сподели на Facebook
пати видено