Професорка во основно училиште е упасена поради наводна сексуална врска со 14-годишен ученик. 26-годишната Стефани Петерсон била уапсена во средата изутрината во Њу Смирна, Флорида, откако момчето, наводно, им се доверило на неговите родители.

Осмоодделенецот им раскажал дека Стефани повремено го земала од нивниот дон околу 23 часот и честопати седела со часови со него во приватна атмосфера. Тој исто така им кажал дека таа му праќала разголени фотографии од неа и му купувала марихуана и „сад за пушење на марихуана.“.

Поради „врската“ со професорката момчето почнало да добива слаби оцени на училиште. Питерсон била уапсена под обвинение за сексуален однос со малолетник и давање на штетни супстанци на дете. Истрагата покажала дека врската помеѓу ученикот и професорката започнала во ноември.

Стефани дала отказ од работното место еден ден пред да биде уапсена. Според момчето, таа му кажа дека тој не смее да каже на никој за нивниот однос.

Стефани и нејзиниот сопруг, пожарникарот Брендон, се во брак од 2015 година и немаат деца. Тие ги деактивирале профилите на социјалните мрежи, а кауцијата за Стефани изнесува 25.000 долари.

Сподели на Facebook
пати видено