Уште од мала возраст дознавате дека октоподот има осум пипала… и горе-долу тоа е сѐ. И освен ако нешто не ве инспирира, никогаш нема да дознаете дека многуножното суштество има огромна глава и три срца. Но, не завршува со тоа. Неодамна, научниците кои го проучувале генетскиот код на окоподите откриле дека тие се „нешто како вонземјани“.

Клифтон Рагсдејл, невробиолог при Универзитетот на Чикаго за ЈуЧикаго Њуз изјавил:

Се чини дека октоподот е крајно различен од другите животни, па дури и од другите мекотели, со неговите осум пипала, големиот мозок и способноста за умно решавање на проблеми. Покојниот британски зоолог Мартин Велс велеше дека окоподот е вонземјанин. Во тој смисол, нашиот научен труд го опишува првиот геном на вонземјани.

Со истражувањето на невообичаено долгата ДНК секвенца на суштеството, истражувачите успеале да разберат „како кефалоподите, вид на слободно-лебдечки мекотели, произвеле суштество коешто е доволно умно за да може да се движи низ сложени лавиринти и да отвара тегли со вкусни ракчиња.“

Со последното истражување, тие откриле дека геномот на октоподот е голем колку и човечкиот. Се открило и дека октоподот содржи 33.000 гени за кодирање на протеини – тоа се за околу 8.000 повеќе од човечкиот.

Што значи сето ова…?

Со ова ново откритие може да се објасни најверојатната причина зошто октоподите можат да манипулираат со светлината, како и нивната способност да се адаптираат и камуфлираат.

И додека сите гледале во ноќното небо, барајќи доказ за вонземјани, се чини дека наместо тоа требало да ги пребараат океаните.

Сподели на Facebook
пати видено