Необично силна портокалова светлина се појави на небото во Русија во регионот Свердловск на Урал. Додека локалните жители ја снимија масивната „експлозија“ на бројни камери, и научниците и итните служби се уште се трудат да го објаснат необичниот настан.

Темното вечерно небо во близина на Екатеринбург се претвори во светло портокалова за десетина секунди.

Возачот кој што го сними феноменот со камерата во возилото, подоцна го објави видеото на интернет и голем број луѓе потврдија дека и тие го виделе. Тинејџери во градот Реж, исто така го снимија феноменот со мобилен телефон.

ru

Сподели на Facebook
пати видено