Овој волк-пајак најверојатно може да се опушти и да ги крене сите осум нозе во вис, бидејќи фатил гуштер скоро двојно поголем од него. Успешниот ловец бил забележан како го држи гуштерот со своите заби во Бризбејн, Австралија, инјектирајќи го отровот за да го убие.

Фотографот Дан Рајан вели дека ги ставил неговите три деца во автомобилот кога го видел огромниот волк-пајак и одлучил да ја фотографира „ужасната“ глетка. 35-годишниот Рајан вели: „Од далеку помислив дека е стап и лист, но кога се доближив, го видов огромниот пајак со гуштерот кој му виси од устата. Не можев да им поверувам на очите. Беше неверојатно, но исто така навистина грозно. Не само пајакот, туку фактот дека мртов гуштер му виси од устата. Беше толку чудно.“

Рајан морал да се доближи за да направи подобра фотографија, но во исто време се плашел дека пајакот ќе скокне кон него. Пајаците-волци можат да се најдат низ цела Австралија и треба да се сметаат за опасни, бидејќи се отровни, но не се смртоносни за луѓето. Волкот пајаци се соло опортунистички ловци кои се нафрлаат врз нивниот плен па дури и ќе го бркаат на кратки растојанија.

Рајан претпоставува дека пајакот намерно чекал за да улови плен, затоа што во околината немало пајажина.

Сподели на Facebook
пати видено