Ловец на змии бил повикан во малиот град Бербурум, Квинсленд, Австралија, за да отстрани „непоканет гостин“, кој сам си се „послужил со ручек“. Кога ловецот Сту пристигнал во домот на луѓето во дворот го пречекало 3-метарско чудовиште.

Питонот лежел и „уживал“ на сонцето во „мистериозно“ празен кокошарник. Фотографија од питонот била споделена на неговиот Фејсбук профил со описот: „Дали некому му недостасува дете?! Во ред сите опуштете се само се шегувам…сепак на едно семејство му недостасува петел! 3-метарскиот питон направи лесен оброк од петел вчера. Импресивно е колку голема храна можат да голтнат овие змии. Лесно можат да изедат возрасна домашна мачка.“

Само во септември службата за отстранување на змии фатила дури 300 змии само во Саншајн Коус. Австралискиот дијамантен питон е најчестата неотровна змија која службите ја среќаваат во домовите на луѓето.

Сподели на Facebook
пати видено