Маскиран разбојник влегува во банка мавтајќи со пиштол, наредува сите да легнат на земјата и го дава ранцот да му го наполнат пари.
Пред да излезе една храбра жена му ја повлекува маската, откривајќи му го лицето. Разбојникот без размислување ја убива и се врти наоколу за да види дали има други сведоци. Забележува дека една од касиерките исто така го гледа и пука и во неа. Сите други лежат на земјата и не смеат да мрднат, ниту да погледнат. Разбојникот разбеснето вика:
– Кој друг ми го виде лицето?
Од оддалечениот агол се слуша женски глас:
– Еј, апаш… ќе заглавиш во доживотен затвор… свекрва ми те виде многу добро…

Сподели на Facebook
пати видено