Романтично патување се претворило во кошмар за еден пар, особено за девојката. 25-годишната Лекс одлучи да ја раскаже приказната како патувањето со нејзиното сегашно момче со кое тогаш била само 3 месеци во врска станало катастрофално. Тие често патувале па иако биле во „свежа“ врска не им претставувало проблем да тргнат на пат заедно. Патувале од Ново Мексико во Мексико.

Така заљубените минатото лето патувале со Хонда Елемент во која задниот дел имал душек и бил наменет за спиење. Од време на време Лекс спиела позади додека нејзиното ново момче возело. Во еден момент тој застанал на бензинска пумпа во пустината во Аризона за да наточи гориво, а во тоа време Лекс излегла од задниот дел на автомобилот за да оди во тоалет.

Кога излегла надвор ниту автомобилот ниту нејзиното момче не биле таму. Таа вели: „На момент си помислив дека занимал без мене затоа што не ме видел како излегувам за да одам во тоалет. Но решив да го баталам тоа. И како седев на клупата пред бензинската сфатив дека тоа всушност и се случило. Тргнав да го земам телефонот за да му се јавам, но телефонот секако ми остана во автомобилот.“

Девојката влегла внатре да побара телефон од касиерката но таа ѝ рекла дека „немаат“. Затоа очајната Лекс почнала да бара од луѓето на бензинската да ѝ ги позајмат нивните телефони. На луѓето им била сомнителна па многу од нив ја одбиле. Таа не го знаела бројот на нејзиното момче па оние неколку луѓе кои ѝ го позајмиле нивниот телефон ги искористила за да се јавува на сопствениот број, но никој не кревал.

Еден човек дури и се сожалил кога му ја раскажала приказната и се понудил да ѝ даде пари да преноќи во мотел. Други пак мислеле дека нејзиното момче намерно ја оставило на бензинската и уште толку ја сожалиле. Додека пак трети мислеле дека е некој измамник и крадец.

Најпосле ситуацијата станала уште полоша и некој ѝ повикал полиција. Додека Лекс седела на клупа и плачела, до неа дошла полицајка и ѝ кажала дека е пријавена поради сомнително однесување, затоа што барала мобилни од луѓето и плачела. Девојката ѝ ја раскажала приказната на полицајката, а таа збунето ѝ кажала дека не може да остане на бензинската и дека мора да оди со неа или на паркинг за камионџии каде што има мотели, или пак во полициска станица.

Лекс се согласила да оди на паркингот и додека се возеле со полицајката одеднаш нејзин колега ѝ се јавил на радиото да ѝ каже дека пред бензинската има испаничен дечко кој си ја бара девојката. Тие веднаш се вратиле назад.

„Кога стигнавме моето момче стоеше и нервозно удираше по прозорците бидејќи не можеше да верува дека направил такво нешто. Ми рече дека поминувал покрај убав пејсаж и кога се свртел да ме разбуди за да го видам и јас сфатил дека ме заборавил на бензинската. Исто така се прашувал зошто толку многу броеви ми вртат на мобилниот, но му било непријатно да се јави.“, вели Лекс.

Но, сепак на крајот не било се така црно. Тие двајца стигнале на својата дестинација имале прекрасен одмор и што е најважно сѐ уште се заедно.

Сподели на Facebook
пати видено