Ејнџел Ексфорд, од Лондон, била во врска со Мајкл Фехсенфелд неколку месеци, пред да раскинат во септември оваа година. Одеднаш од картичката на Ејнџел почнало да снемува пари. Таа првин не знаела што се случува, но кога ги поврзала работите и станало јасно кој е виновникот.

Кога биле на вечера пред да раскинат, 26-годишниот Мајкл ѝ кажал на 29-годишната Ејнџел дека го изгубил паричникот и таа му ја дала нејзината кредитна картичка за да плати.

 

Тој по раскинувањето ги злоупотребил овие податоци и почнал на новата девојка да ѝ купува подароци, па и резервирал авионски карти за во Париз.

Ејнџел која работи како стоматолог, решила да провери на социјалните мрежи дали има трага од подароците порачани преку интернет од нејзината картичка и се шокирала кога открила дека новата девојка на Шон ги фотографирала подароците купени од картичката на Ејнџел.

Таа го пријавила во полиција и во нивна придружба отишла на аеродромот во моментот кога Мајкл и неговата девојка планирале да заминат за Париз.

Мајкл бил уапсен и прогласен за виновен за измама, со што бил осуден на 26-недели затворска казна, која е одложена за две години, како и 150 часа неплатена доброволна работа.

Освен подароците за девојката и патувањето во Париз измамникот ги користел парите на Ејнџел за да си ја плати претплатата за кабловска, си ги платил казните за непрописно паркирање и си купил лајкови за неговиот профил на Инстаграм.

Новата девојка на Мајкл

Бидејќи приказната која ја споделила Ејнџел станала популарна на социјалните мрежи, Мајкл се обидел да добие „дел од колачот“ и самиот си ставил слика од себе како потпишува договор во затворот со хаштаг „fraudbae“.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено