2 милиони пластични кеси се користат во светот секоја минута. Тешко е да се замислат купиштата од пластика што се акумулираат со години. Научниците се обидуваат да најдат решение и владите воведуваат квоти за употреба на пластика.

Сепак, овој проблем останува сериозен до ден-денес. Но ситуацијата може да се промени со помош на црвите. Ова неочекувано откритие ги натера научниците да прават истражувања и добија некои неочекувани позитивни резултати.

Овој црв кој што може да ни помогне да се бориме со пластичното ѓубре е всушност гасеницата наречена „восочен црв“. Тој напаѓа колонии на пчели и јаде восок, а исто така можете да го купите за домашни миленици, како на пример за гуштери, како јадење. Црвот е корисен и за истражување на животните, бидејќи во некои експерименти може да ги замени цицачите. И, како што веќе знаеме, неодамна се најде корисен начин да ни помогне во спречувањето на уништувањето на планетата.

Фактот дека црвите можат да ја сварат пластиката бил откриен случајно. Професорката Федерика Бертокини, која е пчелар, ставила восочни црви во пластична кеса и малку подоцна пронашла мали дупки во неа. Заедно со други научници, Паоло Бомбели и Кристофер Џ. Хоу, таа одлучила да спроведе истражување базирано на инцидентот со пластична кеса користејќи 100 црви.

Тие ги ставиле црвите во пластични кеси и по 40 минути почнале да се појавуваат дупки. По 12 часа масата на пластика се намалила за 92 mg. За да сфатат дека црвите ги рушат хемиските врски во пластиката, а не ја само кинат, научниците смачкале неколку од црвите и ги размачкале на кесите. Резултатите се повториле, дупките повторно се појавиле.

Научниците веруваат дека тајната лежи во ензим во внатрешноста на црвите што им помага да сварат пластиката. Освен тоа, тие веќе јадат восок, што е „природна пластика“.

Откако истражувачите ќе го изолираат и ќе разберат каков е всушност ензимот и како се одвива процесот на дигестија во црвот, тие ќе бидат еден чекор поблизу до решавање на проблемот со пластичното ѓубре.

Сподели на Facebook
пати видено