Кој би помислил дека може да се лета и на правосмукалка? Овој „научен“ експеримент се случи на меѓународната вселенска станица каде еден руски космонаут Антон Шкалперов одлучи да лета. Антон ужива во својот лет додека во позадината оди песната од Р. Кели „I Believe I Can Fly“ (Верувам дека можам да летам). „Луѓето честопати прашуваат дали летаме низ ИСС на правосмукалки. Морав да кажам не, не сум го пробал тоа. Сега, за време на чистењето во саботата, си помислив дека ова веќе е моја трета мисија во вселената… време е да ја испробам оваа работа“, напишал Антон на неговиот Твитер профил.

 

Сподели на Facebook
пати видено