И покрај тоа што е роден без прсти, овој виртуоз брилјира во свирењето пиано. Хенри Форд кажал: „Било да мислите дека можете, или мислите дека не можете – и во двата случаи имате право.“ И навистина, единствено нешто коешто ве задржува од „големината“ е стравот од пораз или самоналожените ограничувања. Тие коишто постигнале големи нешта го сториле тоа не затоа што не чувствуваат страв, туку затоа што одбрале да бидат храбри и дејствувале, не осврнувајќи се на тоа што мислат другите луѓе за тоа.

rm

Еден таков поединец е Алексеј Романов, инспиративен пиано гениј – кој нема прсти. Романов бил роден со хендикепирачка болест поради која останал без прсти, но не можел да им одоле на композитерите како Моцарт и Вивалди. Неговата желба да научи да свири на пиано била поддржана не само од неговото семејство во коешто бил посвоен, туку и од неговите двајца пријатели кои го научиле да чита ноти и да ги препознава тоналитетите.

Откако Алексеј ја оставил вчудовидена публиката за време на неговата изведба во февруари заедно со високопичитуваниот камерен оркестар Ла Примавера од Казан, тој бил поканет, тој бил поканет да предава во музичко училиште во престолнината на Татарстан. Бидејќи училиштето специјализира во подучувањето на деца со хендикеп, рускиот пијанист се чинел како совршен за таа работа. Во видеото во прилог, тој ја изведува мелодијата „Реката тече во тебе“, и е навистина извонреден.

Неговата изведба на националната телевизија му донела признание од обожаватели од целиот свет, кои признаваат дека уметникот за нив е инспирација да станат подобри и поуспешни луѓе.

 

Сподели на Facebook
пати видено