Археолози и доктори од Шпанија употребиле технологија за 3D скенирање со цел да ѕирнат под завоите на четири древнимумии. Примероци од мумиите на три Египќани и еден Гуанче – домороден народ кој живеел на Канарските Острови – биле однесени во Националниот археолошки музеј во Мадрид. Со употребата на оваа технологија, експертите се надеваат дека ќе можат да дознаат повеќе за тоа како живееле овие поединци, што е тоа што ги убило, како и за погребните ритуали кога биле погребани.

За време на скенирањето, тимот бил придружуван од телевизиска екипа од националниот ТВ канал РТВЕ, кој ќе го емитува документарниот филм следната година. Скенерот, кој има ниско ниво на радијација но многу висока резолуција, на Х-зраците им овозможува да навлезат во нивниот субјект и од само еден пат да соберат огромно количество информации и контрасти.

Добиени се повеќе од 2000 напречно-пресечни слики, кои потоа се употребуваат за градње на тродимензионална претстава која се проучува од тимот. Египтологот КАрен Перез Дие вели: „Целиот свој живот го минав со овие мумии, тие се многу важни примероци и едвај чекам да започнам со овој нов вид на нивно проучување кое ќе ни овозможи да дознаеме многу нешта за нив до кои досега немавме пристап.“

mm01 mm02 mm03 mm04 mm05 mm06 mm07 mm08

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено