Малото девојче се обидува да го напише домашното додека паѓа дожд, а нејзината мајка спие до неа на улицата. На снимката е прикажана 8-годишната Елејн Долфо, пред еден станбен блок во Манила, Филипини. Нејзината мајка Елен и 4-годишната сестра Александра, спијат покрај зграда, откако станале бездомници, кога таткото и сопруг, Џери, се разболел.

И покрај несреќните околности, Елејн била решена да ја заврши домашната работа додека ја покриваше под капут за време на обилните дождови и ветрови. Елејн му рекла на минувачот Роландо Вилануева дека сака да биде најдобра во одделението и да најде добра работа со која ќе му помогне на семејството.

Таткото на Елејн е возач на трицикл, но паднал и се повредил и затоа не може да работи повеќе. Семејството потоа било исфрлено од изнајмениот дом неколку дена пред да биде направен видеото.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено