Кога умреле овие историски личности, тие биле доволно познати за некои луѓе да се решат да зачуваат делови од нивните тела. Приказната зад овие презервации е почудна и од самите телесни делови.
Слушните ковчиња на Бетовен
Кога славниот композитор Бетовен умрел во 1827 година, докторите биле желни да ги проучат ушите на делумно глувиот композитор. За време на аутопсијата му биле отстранети ковчињата во средното уво и потоа наводно биле украдени од член на медицинскиот персонал кој потоа ги продал на „доктор од странство“.
Ушните коски никогаш повеќе не биле најдени, но затоа се појавиле делови од неговиот череп, откриени во 2005 година во Калифорнија, САД. Наводно, деловите од черепот на Бетовен биле наследувани од поколение на поколение во рамките на семејство од Виена. Денес тие се наоѓаат во Центарот за проучување на Бетовен на Ира Ф. Брилијант, при Универзитетот на Сан Хозе, Калифорнија.
Мозокот на Алберт Ајнштајн
Алберт Ајнштајн бил еден од најголемите научни умови на дваесеттиот век. Кога умрел, неговиот мозок бил изваден за да се проучи мозокот на еден гениј. По првото проучување, мозокот исчезнал и никој не знаел што се случило со него.
Во 1978 година, мозокот на Ајнштајн „повторно бил откриен“ во сопственост на Томас Столц Харви, докторот кој го извадил и прв го проучувал. Во 2010 година, мозокот бил дониран на Националниот Музеј за здравје и медицина.
Средниот прст на Галилео Галилеј
Средниот прст на италијанскиот средновековен научник и математичар Галилео Галилеј бил откинат 95 години по неговата смрт. Бил предаван од поколение на поколение неколку стотина години, сѐ додека не стигнал во Природонаучниот музеј на Фиренца, кадешто се наоѓа и ден денес.
Пенисот на Распутин
Грегори Распутин, злогласниот мистичен советник на рускиот цар и неговото семејство, бил исто така озлогласен и по многуте негови сексуални излети и оргии. Тој тврдел дека тие се дел од религиозно доживување.
Откако Распутин бил труен, удиран со палки, стрелан, на крај умрел од давење во 1916 година. Неговиот пенис бил мистериозно отсечен од неговото тело.
Во 1920-те години, пенисот некако се нашол во Париз, кадешто наводно бил обожуван од група руски жени. Марија, ќерката на Распутин, дознала за тоа и силно не согласувјќи се со култот, го зела назад со себе.
Денес, познатиот монструозно голем пенис на Распутин е изложен во Музејот на руската еротика во Санкт Петерсбург.
Пенисот на Наполеон
Според кажувањата, пенисот на Наполеон го отстранил некој огорчен доктор за време на неговата аутопсија во 1821 година. Интимниот орган на императорот не бил виден се до 1916 година, кога се појавил во Лондон во „Колекцијата на Вињали“ со наполеонски сувенири собирани од островот Св. Елена кадешто умрел во заточеништво. Потоа пенисот малку патувал сѐ до 1970-те години, кога американскиот уролог д-р Џон Кингсли Латимер го купил за 3.000 долари. Пенисот на Наполеон останал во САД до ден денешен.
Навистина, што е работава со пенисите на познатите историски личности. Покрај овие два случаи, познат е и случајот кога руски војник го исекол пенисот на Хитлер и го однел со себе за спомен. Во минатата деценија тој бил даден на продажба.
Забот на Буда
Готама Буда, духовниот водач кој го основал будизмот, умрел во 6. веек пр.н.е. во Индија. Буда бил кремиран, но неговите следбеници зачувале негов заб како света реликвија. Забот денес е изложен во голем златен реликвијар во Канди, Шри Ланка.
Последниот здив на Томас Едисон
Добро, ова технички гледано и не е телесен дел, но поради тоа што е премногу чудно, вреди да се спомен во оваа листа. Во Музејот на Хенри Форд е изложена епрувета која наводно го содржи последниот здив на американскиот пронаоѓач.
Хенри Форд и Едисон биле блиски пријатели. Всушност, во последните неколку години од животот на Едисон, Форд купил куќа веднаш до неговиот зимски посед во Флорида, за двајцата да можат да трчаат наоколу и да се тркаат во инвалидски колички.
Кога Форд умрел во 1947 година, помеѓу неговите работи била најдена и епруветата со последниот здив на Едисон. Наводно, Форд го замолил синот на Едисон да го фати последниот здив на неговиот татко додека умирал.
Делови од черепот на Абрахам Линколн
Откако претседателот Линколн бил застрелан, тој ја добил најдобрата медицинска грижа достапна во тоа време, но тоа не било доволно. Докторите се обиделе да го извадат куршумот забиен во неговиот череп, но во текот на процесот ослободиле тромб и извадиле неколку делови од черепот.
Фрагментите од черепот на Линколн денес се изложени во Националниот Музеј за Здравје и Медицина, веднаш до куршумот кој го убил американскиот претседател.
Косата на Че Гевара
Откако аргентинскиот марксист и револуционер Че Гевара бил убиен од војската во 1967 година во џунгла во Боливија, оперативец на ЦИА се прикрал и исекол околу седум сантиметри долг прамен од неговата коса. Косата, заедно со неговите отпечатоци од прст и фотографиите со изрешетаното тело на револуционерот биле продадени за 119.500 долари на аукција, а ги купил трговец со ретки книги и обожавател на Че од Тексас. Трговецот морбидните остатоци од Че ги изложил во неговата книжарница во Хјустон.
Мозокот на Бенито Мусолини
Кога италијанскиот диктатор Бенито Мусолини бил погубен во 1945 година, владата на САД побарала примерок од неговиот мозок за да го проучува, но и како мрачен воен трофеј. Во 1966 година, 21 година по смртта на Дуче, американската влада вратила дел од неговиот мозок на неговата вдовица, Рахела Мусолини. Во 2007 година, делови од мозокот на Мусолини се појавиле на Ибеј, при што биле продадени за 22.000 долари.