Канализационата мрежа е грозниот подземен дел на секој град во светот, но би се изненадиле какви сѐ бизарни скапоцености можат да се најдат во нив.

Алигатор

Во 2006 година од канализација во Тексас бил извлечен алигатор тежок 270 килограми. Алигаторот бил толку голем што се заглавил во цевката.

kn01

Фосил од диносаурус

Фосил од диносаурус стар 70 милиони години веројатно е последното нешто кое би очекувале да го најдете кога пробивате канализација, но во 2010 година токму тоа го откриле во Алберта, Канада.

kn02

Марихуана

Некој, веројатно во обид да ја фрли инкриминирачката дрога, ја пуштил марихуаната во WC шолја. Тоа што се случило е просто неверојатно – семињата никнале внатре во канализацијата.

kn03

Крава

Оваа крава била најдена во шахта во Фуиџи

kn04

Бебе

Во 2013 година во канализациона цевка во Кина била најдено бебе. Според кажувањата, бремената 22 годишна мајка на бебето отишла во тоалет кога почувствувала болка во стомакот и бебето излегло од неа завршувајќи во тоалетот, при што таа не можела да го спаси.

Според локалните медиуми, жената мала едноноќна врска и останала бремена. Таткото на детето одрекол било каква одговорност, а таа не можела да си дозволи да плати за абортус, а покрај тоа, бременоста ја криела и од своето семејство. За големо чудо, бебето останало живо и здраво.

kn05

Злато

Тешко е да се замисли дека во канализациите може да се најде нешто друго освен грозни отпадни материи, но во 2009 година во Токио се случило токму тоа. Биле најдени илјадници килограми злато. Присуството на златото во канализацијата се должи на фактот дека производителите на електронска опрема во тој регион во Јапонија го користат скапоцениот метал во текот на производството.

kn06

Слатки кутренца

Откако го слушнал квичењето на кученцата, еден Тајланѓанец се спуштил во канализацијата полна со чивечки отпад за да ги спаси. Човекот несомнено заслужува награда.

kn07

Рачна граната

Во канализацијата во централен Лондон била најдена рачна граната. Инженерот задолженза одржување на канализацијата ја нашол гранатата и подоцна ги прашал полицајците дали е активна. Тие му одговориле дека не би сакал да го знае одговорот на тоа прашање.

kn08

Мини Купер

Половинљ автомобил Мини Купер затнал канализациона цевка во Лондон. До ден денес никој не знае како се нашол таму.

kn09

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено