Фотографиите се лекција за пациентката и за сите нас!

Офтамологот Д-р. Патрик Волмер, на својот Фејсбук профил сподели шокантни фотографии за да ги предупреди своите пациенти од опасноста на оставање на контактните леќи на очите при спиење.

Лекарот, кој инаку работи во очната клиника Вита Ај, во Шелби, Северна Каролина, јавно објави фотографии од една негова пациентка на која рожницата на окото била изедена од бактерија, како резултат на тоа што често спиела без да ги отстранува контактните леќи.

Во објавата, која досега ја прегледале повеќе од 30 милиони луѓе, може да се видат очите на жената кои сега изгледаат како стаклени, при што од нив се излева жолта течност.

Лекарот објаснува дека неговата пациентка страда од чир предизвикан од бактеријата Pseudomonas, директен резултат на спиењето со леќите.

„Бактеријата на брз и експлозивен начин ја јаде рожницата и прашање на време од неколку денови е кога ќе остане само мртво ткиво.“- вели Волмер.

Офтамологот засега успеал да започне третман со антибиотици и стероиди, кои ќе овозможат да се намалат трајни лузни, иако додава дека најверојатно пациентката ќе претрпи и трајно губење на видот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено