Група од осамени ергени излегле на протест низ село во Турција во кое жените ги одбиле сите нивни брачни понуди. Жените велат дека не сакаат да бидат заробени во оддалеченото село Узумлу во јужна Турција. Мажите пак велат дека жените се неразумни и поради тоа протестираат барајќи дамите да го прифатат селскиот живот.

Градоначалникот Мустафа Башбиан изјавил дека во селото има 25 неженети на возраст помеѓу 24 и 45 години. А сепак, последната венчавка во селото се случила пред девет години и оттогаш бројот на население се преполовил од 400 до 233. Тој вели дека повеќето млади жени одбрале да се преселат во големите градови како Истанбул, Анкара и Анталија, но мажите останале во селото да ја обработуваат земјата која со векови им припаѓа на нивните семејства.

Г-н Башбијан вели дека областа не е сиромашна, но несреќата на мажите веќе станува социјален проблем. Пна еден од транспарентите протестантите го повикуваат дури и претседателот Ердоган да им помогне. Минатиот месец, за време на говор во чест на Денот на жената, Ердоган кажа дека жената пред сё е мајка. Ердоган во минатото бил критикуван во повеќе наврати поради тоа што ги поттикнувал жените да раѓаат најмалку три деца, а контрацепциите ги нарекол „предавство“. На еден од транспарентите пишува дека на нивните идни сопруги ќе им направат дури барем по пет деца. Но, иако овој транспарент со сигурност ќе го задоволи турскиот претседател, со сигурност нема да ги одоброволи жените во Узумлу.


