Објавен е нов натпревар за креирање на Аватар, со надеж дека ќе го поттикне развојот на напредните роботи во блиска иднина. Од ANA Avatar XPRIZE вчера изјавиле дека ќе им дадат 10 милиони долари на оние тимови кои ќе им презентираат роботски аватар контролиран од страна на човек на најмалку 100 километри. Операторот мора да биде необучен, но сепак може да изврши неколку едноставни и сложени задачи.

Луѓето сега можат да се пријават на веб-страницата, со формално отворање на натпреварот за учесниците на 15 јуни и затворање на 31 октомври 2018 година. „Нашата способност физички да се доживее друга географска локација, или да се обезбеди помош на терен каде што е потребно, е ограничена со трошоците и со едноставната достапност на времето.“, изјавил Питер Диамандис, основачот на XPRIZE, во соопштението.

„XPRIZE може да овозможи создавање на смела алтернатива која би можела да ги заобиколи овие ограничувања, овозможувајќи ни побрзо и поефикасно да дистрибуираме вештина и практична експертиза на далечни географски локации каде што се потребни, премостувајќи го јазот помеѓу оддалеченоста, времето и културите.“, вели тој.

XPRIZE е познат по своите смели натпревари с цел да го поттикнат развојот во одредени области. Можеби најпознат е Ansari XPRIZE, натпревар за развој на еднократен вселенски авион, освоен од SpaceShipOne во 2004 година – кое подоцна било купено од Вирџин Галактик.

Идејата е да се обидеме да ја подобриме нашата способност да работиме од далечина. Роботите теоретски би можеле да им дозволат луѓето да пристапат до опасни области како во внатрешноста на пожарот или жариштето на зрачење, без ризикот некој да биде повреден.

Роботите развиени од тимовите ќе треба да бидат способни „далечински да гледаат, да слушнат и да комуницираат со физички околини и други луѓе“. Точните цели на натпреварот сè уште не се поставени, иако знаеме дека ќе има две пресвртници: По 1 милион долари за секој во април 2020 година и април 2021 година, проследено со голема награда од 8 милиони долари во октомври 2021 година.

Сподели на Facebook
пати видено