Не е лесно да направите животот да функционира нормално во пустина. Но една компанија од Арапските Емирати најде многу интересен и чуден начин за да обезбеди вода за своите граѓани. Фирмата има намера да премести санта мраз од Антарктикот до брегот на заливот, со цел да соберат милијарди литри свежа вода.

Националното советничко биро со седиште во Масдар Сити, Абу Даби, планира да ги земе масивните блокови од мраз од Херд Ајленд, околу 1.000 километри оддалечен од Антарктикот. Потоа ќе се транспортираат во Фујаирах, еден од седумте емирати. Една санта мраз може да обезбеди вода за 1 милион луѓе во рок од 5 години. Проектот треба да започне во 2018 година.

Директорите на фирмата велат дека тие веќе ја провериле рутата и направиле проценки и проби и поради тоа сметаат дека ќе биде изводливо. Освен како извор на вода, сантите мраз ќе бидат добри и за туризмот и за климата.

Во просек една санта мраз има 20 милијарди литри вода, според компанијата од Абу-Даби. Потребно им е многу време за да се стопат поради тоа што 80% од нивната маса е под вода, а над водата белата боја ги рефлектира сончевите зраци. Компанијата планира да изгради и специјална установа, која ќе биде како „рудник за мраз“, во кој работниците ќе ги обработуваат ледените плочи и ќе се грижат за водоснабдувањето.

Сподели на Facebook
пати видено