Неколку нуркачи учествуваа во смела фотосесија со најголемата бела ајкула на планетата откако беше забележана како плива во близина на Хаваи. Огромниот предатор, познат како „Deep Blue“, првпат го виделе нуркачот и фотографот Марк Молер и Кимберли Џефрис.

Тие набргу скокнале во водата за да го видат суштетсвото, кое се хранело со мртов кит, 14 километри од брегот на хавајскиот остров Оаху.

Неверојатното видео покажува како неколку ајкули кружат околу мртвиот кит пред да дојде оргомната ајкула и да почне да доминира со ситуацијата. Ајкулата се смета за најголема бела ајкула досега забележана од луѓето и е долга околу 7 метри.

Сподели на Facebook
пати видено