Оваа фотографија е доволна за било кој да се почувствува мал. Оваа блиска средба со Син кит го покажува размерот на овие џинови, најголемите животни што некогаш живееле.

Нежниот џин се појави од длабочините во крајбрежните води на Шри Ланка. За нуркачот, Танакит Суванјангаун моментот на поминувањето на китот му влевал инспирација и стравопочит.

„Изгледаше како подморница. Секој кит што го видовме беше голем, но овој беше долг над 30 метри. Тоа ме натера да сфатам колку сум мал во овој свет.“, вели 37-годишниот нуркач. Тој ја постигна оваа извонредна фотографија со помош на негов колега. Тој вели дека требал да нурка многу брзо, но да внимава да не го исплаши животното.

„Имате само десет секунди пред да преплива покрај вас, па затоа треба да го задржите здивот додека нуркате со него. Потребен е многу физички напор.“, додава тој.

Сподели на Facebook
пати видено