Девојчето Анастасија Књазева од Русија има само 5 години, а веќе има над 350 илјади следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, и многумина сметаат дека ѝ претстои манегенска кариера. Сигурни сме дека кога ќе ги видите фотографиите на Анастасија, ќе ви биде јасно зошто целиот свет е воодушевен од убавината на малата Русинка.

dv01

Малата Анастасија е прогласена за најубаво девојче во светот поради неизмерно убавите сини очи и лице коешто многумина го споредуваат со порцеланска кукла и ангел. Поради исклучителната способност за позирање и природното однесување пред камера уште во своите најрани години, модните експерти ја нарекуваат вундеркинд во светот на модата. За нејзината кариера се грижи нејзината мајка Ана, која најчесто ја фотографира и ги објавува фотографиите на Инстаграм.

dv02

Најмладата славна убавица секој ден добива илјадници комплименти лајкови, а многу мајки ги користат нејзините фотографии како инспирација за фустанчиња и фризури на своите ќеркички. Анастасија успеа да ја симне од тронот Кристина Пименова, девојче од Москва која во својата деветта година стана мегапопуларна поради својата убавина.

dv04 dv05 dv03

Сподели на Facebook
пати видено