Добри вести за зависниците од кофеин! Во последните години често се пишуваше за можната полза од умереното конзумирање на кафе, но сега долгорочно истражување докажува дека антивоспалителните својства на кафето можеби е причината зошто редовните корисници на кафе имаат за 54 отсто помалку изгледи да добијат дијабетес тип 2 во споредба со тие коишто не пијат кафе. Овие резултати биле објавени во Европскипт Журнал за Клиничка Исхрана.
Во истражувањето учествувале повеќе од 1300 мажи и жени, коешто започнало во Атина, Грција, во 2001 година. Биле опфатени 816 луѓе кои пиеле кафе само повремено, во просек по 1.5 шолји кафе дневно, 385 редовни пијачи на кафе кои пиеле повеќе од 1.5 шолји кафе дневно и 239 луѓе кои воопшто не пиеле кафе.
На секој учесник му биле направени крвни тестови за да се процени нивото на белковини – маркери за воспаленија и нивото на антиоксиданси, коешто ја покажува способноста на телото да ги неутрализира т.н. слободни радикали кои ги оштетуваат клетките.
Десет години подоцна, 191 човек од испитаниците развиле дијабетес. Тоа што се заклучило од истражувањето е дека луѓето коишто посочиле дека почесто пијат кафе имале помали изгледи да ја добијат болеста, дури и покрај фактот дека биле пушачи, имале висок крвен притисок, како и семејна историја на дијабетес.
На што се должи ова?
Нивото на серум амилоид, воспалителен биомаркер во крвта, посочува кон врската помеѓу кафето и дијабетесот, велат истражувачите. Поголемото внесување на пијалокот резултирало со пониско ниво на амилоид и како ефект на тоа била намалена можноста за развивање на болеста.
Демостен Б. Панагиотакос, професор по исхрана и диететика на универзитетот Харокопио во Атина, коментира:
Докажано е дека оксидативниот стрес го забрзува нарушувањето на панкреасните В клетки, а внесувањето на антиоксиданси го намалува ризикот од дијабетес, па така можеби антиоксидантските својства на кафето се благотворни, но во оваа насока се потребни повеќе истражувања.