Редовно пиете млеко? Ако е така, можеби е време да престанете. Според истражувачи од Универзитетот за медицински науки во Шига, Јапонија, загадувачите во кравјото млеко можат да го зголемат ризикот за заболување од Паркинсонова болест.

Како што известува списанието „Тајм“, тимот истражувачи предводен од Роберт Абот искористиле скандал со загадување во Хаваи во 1980-те за да ја истражат врската помеѓу конзумирањето млеко и Паркисоновата болест. Во исто време било извршено истражување и за срцевите заболувања помеѓу мажите во Јапонија и Америка. Биле вклучени пркеу 8000 мажи, во текот на истражувањето биле следени од нивните средовечни години, сѐ до смртта.

milk-05

Учесниците обезбедиле детални информации за тоа што јадат, вклучително и колку млеко пијат. Некои дури се согласиле и да ги донираат нивните мозоци за истражување и после нивната смрт. Абот и неговиот тим проучиле 449 мозоци и ја забележале густината на невроните во специфични делови на мозокот за кои се знае дека можат да бидат погодени од Паркинсоновата болест. Откриле дека кај мажите коишто пијат повеќе од две чаши млеко дневно се забележувале знаци за компромитација на функцијата на нервите, додека кај мозоците коишто пиеле малку, или пак воопшто не пиеле, такво нешто не се забележувало.

Истражувачите веруваат дека за тоа е виновна загаденоста на млекото со пестициди и инсектициди. Иако тимот немал пристап до млекото коешто го пиеле овие мажи, и според тоа не можат да ја потврдат загаденоста на млекото како извор на пестицидите коишто ги нашле, тоа било логичното објаснение.

„Сѐ уште ги немаме потребните податоци, но сме блиску до тоа да го најдеме чадот од пиштолот овде. Сѐ уште не целосно, но е многу сомнително.“

Според истражувачите, ова не значи дека сите млечни производи се загадени. Но, наодите значат дека исхраната и стилот на живот како фактори на ризик треба да се земат предвид многу подлабоко. Ова не е прва студија којашто заклучува дека млечните производи можат да бидат штетни за човечкото здравје. Минатата година „Телеграф“ извести за врска помеѓу внесувањето млеко и скратениот животен век. Тие коишто пиеле три или повеќе чаши млеко дневно имале двојно поголеми изгледи да умрат порано во споредба со тие коишто не пијат млеко.

Сподели на Facebook
пати видено