Било да ја доведувате во прашање безбедноста на ГМО храната или сметате дека јавноста премногу се грижи за ништо, едно неодамнешно проучување дефинитивно ќе направи да си го преосмислите вашиот став.
Во нова научна статија од египетски научници се заклучува дека стаорците хранети со ГМО исхрана, покрај другите здравствени проблеми, страдаат и од неплодност. Истражувачите од Одделението за прехранбена технологија, Земјоделскиот факултет, Одделението за анатомија и ембриологија и Факултетот за ветеренирна медицина при Суецкиот Универзитет во Египет забележале неколку непријатни промени кои се случуваат кога стаорците се хранат со генетски модифицирана пченка.
Извештајот наведува:
Генетски модифицираната пченка и сојата доведуваат до значителни органски нарушувања кај стаорците и глувците, особено на нивните црни дробови и бубрези. Покрај тоа, можат да бидат погодени и други органи, како срцето и жолчката, а и крвните клетки исто така. Бубрезите на мажјаците страдаат најмногу, претрпувајќи 43.5% од сите промени, а потоа следи црниот дроб кај женките со 30.8%.
Покрај тоа, многу од стаорците хранети со генетски модифицирана храна до деведесет и првиот ден од експериментот станале целосно стерилни.
Како што се известува:
Во третото истражување беше спроведено хистопатолошко испитување на стаорците хранети со ГМ пченка, и потоа резултатите беа споредени со тие на стаорците хранети со природна пченка. Во ГМ групата беа забележани јасни знаци на органска патологија, особено во црниот дроб, бубрезите и тенкото црево. Проучувањето на тестовите откри некроза (смрт) и десквамација (лупење) на сперматогниските клетки коишто се основа на сперматозоидните клетки и според тоа и основа на машката плодност – и сето ова по само 91 ден на хранење.“
Ова не е прв случај научно истражување да покаже дека генетски модифицираната храна може да доведе до неплодност. Научници од Русија откриле дека хрчаците исто така стануваат стерилни како последица на хранење со ГМ храна, при што се забележувало забавуавање на сексуалната зрелост и постепено елиминирање на способноста за репродукција.Тешко дека ова е случајно совпаѓање.
Во САД, деведесет отсто од населението изразува желба генетски модифицираната храна да биде соодветно обележана, и покрај тоа што мејнстрим медиумите ги убедуваат дека таа е совршено безбедна.