Во вистинската љубов не се важни парите. Не е важно каде јадете, каква облека носите или во колку голем дом живеете. Сепак има луѓе кои не размислуваат така. Неодамна, еден маж во Јужна Африка и предложил брак на својата девојка во ресторанот со ланецот на KFC.

И додека за повеќето луѓе ова беше срцезатоплувачки момент од двајца млади кои споделуваат љубов во нивниот омилен ресторан, една новинарка одлучи да го „хејта“ мажот затоа што ја запросил девојката во ресторан за брза храна. Но, нејзиниот негативен и понижувачки коментар резултураше со среќен крај за парот, благодарение на KFC.

„Мажите во ЈА се толку сиромашни што дури и запросуваат во KFC. Тие немаат воопшто стил, мислам кој запросува во KFC.“, напишала жената Анел на Твитер. Луѓето веднаш гневно реагирале на нејзиниот коментар и наскоро твитот бил избришан, а Анел го ставила профилот на приватно.

Но затоа од KFC решиле да направат нешто неверојатно. Тие го споделиле видеото и побарале од луѓето да им помогнат да го откријат идентитетот на парот, за да им дадат благослов на свој начин и приказната почна да добива уште поубава развршница.

Глобални брендови како PUMA, Huawei, McDonald’s, Uber и Audi ја понудија својата помош. ПУМА подари ваучер на R10,000 (приближно 680 американски долари), Huawei – два од нивните телефони, но Стандард банка ги надмина сите нив со тоа што им понуди на парот да ги расчистат нивните долгови над 20.000 УСД!

Од KFC се пресреќни што успеале да рашират толку многу љубов и дарежливост и затоа тие објавиле фотографија со кофа од KFC полна со сите брендови кои ја понудиле својата помош.

Сподели на Facebook
пати видено