Во Полска е откриен мегалитски локалитет со древни гробници постари од пирамидите во Египет. Древните камени структури, за кои се верува дека се изградени од т.н. култура „инковидна чаша“ пред 5000 години, типично се со триаголен облик со големи камени блокови околу надворешниот дел.
Се смета дека овие гробници се почивалишта за племенските старешини и се важно откритие, бидејќи би можеле да се најголемите од овој вид низ цела Европа. Со помош на воздушно ласерско скенирање и 3D мапирање биле откриени вкупно 18 гробници. Истражувањето било изведено од страна на Шчеќинскиот универзитет.
„Областа близу Долиц несомнено е најинтересна, издвоиевме најмалку дваесеттина можни мегалитски гробници“, вели Агнешка Матушевска.
„Во текот на верификацијата на теренот сосема јасно потврдивме присуство на 18 мегалитски гробници Кујави, многу поголем број од претходно познатите во литературата.“


