Зоран Заев – Ви ги менува имињата на сите фајлови во компјутерот.
Никола Груевски – Ви ги краде фајловите од хард дискот и исчезнува.
Али Ахмети – Оди во пакет со еден од горите 2 вируси и им помага во работата.
Бујар Османи – Вирусот ништо не прави во првите 3 месеци, па ништо не прави 6 месеци, па ништо не прави 9 месеци, за на крај да сфатите дека ви го уништил цел компјутер.
Оливер Спасовски – вирусот ветува дека ке ви го исчисти компјутерот од штетни вируси, но никогаш тоа не го прави
Петре Шилегов – Компјутерот почнува да кочи и ви излегува слика од трамвај
Грција – Му става пасворд на вашиот компјутер и го присвојува.
Бугарија – Не може да му стави пасворд на вашиот компјутер но се обидува да го присвои со менување на историјата.
Албанија – Стар вирус, за него овој компјутер не е интересен повеќе, тој сега ги напаѓа компјутерите во западна Европа.
Нато – Претставен е како антивирусна програма, но всушност го урива системот.
МК во ЕУ- Вирус кој чекор по чекор ве навлекува да инсталирате непотребни програми, а оние најнеопходните ви ги кочи.
Собрание – Повеќе мали вируси кои ви ги трошат сите ресурси и никако не можете да ги исчистите.
МТВ – Ви кажува дека вашиот стар компјутер всушност е најнов и побрз од многу европски компјутери, но работи бавно затоа што има некој лесен вирус.
Скопје – компјутерот почнува да ви чади од сите страни иако внатре ништо не гори.

Ќе се најде ли јунак да инсталира антивирусна програма за нашиот измачен македонски компјутер?

Сподели на Facebook
пати видено