По космички судири, неколку помали небесни тела се споиле во едно и ја образувале месечината. Така сметаат израелски научници. Досега се сметаше дека силен удар во минатото откинал дел од Земјата и така се образувал нашиот природен сопатник. Но, според екипата на Ралука Руфу од Институтот Вајцман во Реховот, нештата се одвивале според друго сценарио. Мноштво помали судири пред милиони години образувале мини месечини, кои со текот на времето се слеале во една, поголема.

ms

Научниците извеле околу 1000 компјутерски симулации и процениле дека околу 20 судири полека ја образувале месечината. Тоа всушност е една стара теорија, на која израелските научници ѝ дале нов живот. Нивните компјутерски модели покажуваат дека во орбитата на Земјата порано имало неколку минијатурни месечини, кои се појавиле како последица на порани удари на небесни тела во нашата планета.

Сподели на Facebook
пати видено