Сите знаеме дека технологијата е клучна за да се спасат животи, особено кога станува збор за најопасната и најраспространетата болест, ракот. Станува збор за „електронски нос“ кој ќе може да ги открие хемикалиите произведени од ракот.

Испитувањата на луѓето ќе започнат од оваа месеца во болниците низ Британија и САД. Стотици пациенти ќе можат за само 7 минути да ја добијат својата дијагноза.

Неинвазивните тестови, првично насочени кон рак на белите дробови, вклучуваат дишење преку устата во период од една минута, а анализата ќе биде испратена до суперкомпјутер.

Уредот открива хемикалии произведени од секој познат вид на рак како „испарливи органски соединенија“, и може да помогне да се открие ракот во многу рана фаза. Тестовите нудат високо ниво на точност со работа на ниво на „наночестички“, велат експертите.

Ancon Medical, кој стои зад технологијата, рече дека колекциите може да бидат достапни во рок од две години, ако испитувањата се успешни.

Сподели на Facebook
пати видено