Вегетаријанци и љубители на вкусот на сланината – радувајте се! Истражувачите при Државниот универзитет на Орегон создале и патентирале нов вид на морска трева којашто кога ќе се зготви има вкус на сланина. И згора на сѐ, оваа црвена моррска алга е полна со хранливи материи, двапати повеќе од кељот.

„Овој вид на зеленчук кој изгледа како проѕирна црвеникава марула е одличен извор на протеини, минерали, витамини и антиоксиданси“, вели Крис Лангдон од Државниот институт на Орегон. „Ова е навистина неверојатна работа. Кога ќе ја испржите оваа морска трева, има силен вкус на сланина.“

Оваа брзорастечка супер-храна веројатно ќе се комерцијализира како специјална храна.

e4f45596_shutterstock_257849780.xxxlarge_2x

Сподели на Facebook
пати видено