Истражувачите од Универзитетот во Лидс и „Avacta Life Sciences“ имаат развиено нова алатка за проучување на биолошките молекули и процеси, од која може да се заменат антителата добиени од животните. „Affimer“ протеините можат да се врзат цврсто со молекулите, исто како што прават антителата овозможувајќи им на научниците да ги проучуваат молекулите одблизу.

Афимер технологијата има дополнителни добри страни кои ја прават супериорна во однос на антителата од животните: протеините се помали, поцврсти, бараат помалку време за производство, се поконкретни за планираните истражувачки цели и полесно се менуваат за различни намени.

Истражувачкиот тим покажа дека технологијата Афимер е успешна, давајќи резултати слични во квалитетот кога се користат наместо антитела во широк спектар на рутински процедури. Покрај тоа, поради помалата големина, технологијата Affimer давала супериорни резултати за новата техника на микроскопија со супер резолуција. Малата големина на врзувачкиот протеин им овозможила на научниците поблиску да го набљудуваат однесувањето на поединечните молекули.

„Афимер се помалку комплицирани и постабилни од антителата. Тие лесно може да се прилагодат за широк спектар на употреби. Заедно со антитела, тие се важни алатки во биологијата, биотехнологијата и медицината.“, вели д-р Кристијан Тиеде.

Со оваа технологија суровоста кон животните може да престане и да се заврши дебатата за животните кои завршуваат во лабораториите. Антитела се реакции на било каква „инвазија“ на непознато тело во организмот. За да проучат специфична молекула, научниците создаваат антитела така што го вбризгуваат производот во животното и чекаат неговото тело да произведе антитела кои подоцна ќе служат за дијагностички тестови и понатамошно развивање на производот.

Сподели на Facebook
пати видено