Во американската држава Вирџинија наскоро ќе почне да се применува законот 1348 со кој возачите забележани да пушат во присуство на деца ќе бидат казнети со казна од 100 долари. Како услов за валидност на казната, детето треба да е помладо од осум години. Но сепак, има и еден друг парадоксален член  во законот според која прекршителот ќе биде казнет само доколку е запрен поради некоја друга причина, а не само поради тоа што бил забележан со цигара во раката.

Не смее да се пуши во присуство на деца без оглед на нивната возраст, така што ова решение на американските законодавци се чини нелогично и нецелосно решение, во најмала рака.

cg01 cg02 cg03 cg04

Сподели на Facebook
пати видено